Првиот носител Роџер Федерер и Шкотот Енди Мареј се пласираа во осминафиналето на УС Опен, но на впечатливо различни начини.
Швајцарецот дуелот со Фернандо Вердаско лесно го реши во три сета (6:3, 6:4, 6:4) додека на Мареј му беа потребни речиси четири часа да го совлада Фелисиjано Лопез со 7:6 (7:5), 7:6 (7:5), 4:6, 7:6 (7:4).
Мареј првите два сета ги доби во тај-брејкот а кога на почетокот од третиот сет направи брејк веќе се чинеше дека дуелто ќе биде решен. Но следеа две негови грешки па го загуби тој сет. Сепак, на крајот успеа да го добие дуелот.
На женскиот турнир Русинката Марија Кириленко поразена во третото коло од Чехинката Андреа Хлавацкова со 5:7, 6:4, 6:4. Серена Вилијамс без поголеми проблеми, во два сета со 6:-4, 6:0 ја совлада Екатерина Макарова.