ФЧЕРАШНИ: Пратениците бараат МПЦ и ИВЗ да им гарантираат место во рајот

Откако пратениците составија закон со кој ќе имаат предност при вработување откако ќе им заврши мандатот тие почнаа да се грижат за тоа што ќе биде и после нивната смрт. Така тие доставија предлог закон со кој од МПЦ и ИВЗ бараат да им биде загарантирано местотото во рајот.

„Доволно се мачевме на овој свет за овој народ и сметаме дека ова е фер решение за сите нас кои душата ја оставивиме во собраниските клупи. Се надеваме дека ќе наидеме на позитивен одговор од МПЦ и ИВЗ со што би можеле да го изгласаме законот“ велат пратениците.

Од верските заедници сеуште се немаат изјаснето, но според правните експерти овој закон остава недореченост во случај да има пратеник будист каква реинкарнација ќе добие или треба да добие дирекно нирвана.

ФЧЕРАШНИ НОВОСТИ

- Реклама -