„Знаевте ли дека фацијалните масажи стимулираат циркулација на крвта и лимфата, ја чистат кожата, ја намалуваат затнатоста и ги чистат синусите, го зголемуваат нивото на колаген и ги намалуваат болките во вратот, главоболките и симптомите на алергија?“, прашува Лора Изумикава – мајката што го масира бебево, на Инстаграм.
„Што побогу му предизвикува толку многу стрес на ова мало дете за да мора на фацијална масажа?“ – прашува еден од коментарите.
Српска варијанта на масажата: „Шамар преку лицето зашто не ги слуша родителите. Го ресетира мозокот и го стимулира протокот на крв“ – додава еден од Србите.
Изворното видео, via Инстаграм.
PS. Мајката вели дека само се зезале со ќеркичката. Да не ви текне и вие да си ги гњавите децата без потреба.