„Фатено“ на дело сериското BMW 4

Сериска верзија на целосно новиот модел на BMW серија 4, беше снимена од фотографите на неколку медиуми за време на снимањето на официјалниот клип, со кој ќе биде претставен.

Сериското издание е речиси идентично со прототипот кој баварците го покажаа на салонот во Детроит, во јануари оваа година. Комерцијалната верзија треба да се појави на пазарот во јули, а околу една година подоцна ќе излезе и кабриолет варијантата. Според димензиите „четворката“ е за 29 mm подолгa, со 44 поширокa и 16 mm пониска од каросерија на моделот од Серија 3.

114_bmw-4-470-2

Засега се очекува „четворката“ да се нуди со избор на два мотори. Основната верзија ќе има 2.0 литарски бензински мотор со моќност од 245 КЅ, а посилната, со 3.0 литарски шестцилиндерски агрегат со моќност од 306 КЅ. Моторите можат да бидат во спрега со 6-степен рачен менувач и со 8-степен автоматски. Погонот останува на задните тркала, а ќе се нуди и систем xDrive.

200_bmw-4-470-3 424_bmw-4-470

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус.

- Реклама -