Познатиот актер Леонардо ДиКаприо имаше повеќе причини за славење, а иако на црвениот тепих се појави со својата мајка, неговата сакана го чекаше на забавата по доделувањето на наградите.
Омилениот актер на многу жени Леонардо ДиКаприо конечно доби признание со добиениот Златен глобус за главна машка улога во филмот „Волкот од Вол Стрит“.
Познат по своите врски со низа убавици, на црвениот тепих сепак прошета со својата мајка- но затоа потоа прослави со бакнеж со својата нова девојка Тони Гарн. Се разбира, и таа е супермодел. Убавицата има 20 години и е модел на брендот Викторија Сикрет. Заедно се од летото кога папараците ги забележале на јахта на одмор во Монако.
Сега нивната врска се потврди со бакнежот на забавата по доделувањето на Златните глобуси. Судејќи по успехот на филмовите од минатата сезона, 39-годишниот Лео би можел да биде добитник и на овогодинешните доделувања на Оскар…
А додека неговата млада девојка го чекала на забавата, споделила неколку фотографии на Инстаграм.