Минатата година долго време се шушкаше дека младиот пејач е во врска со познатата манекенка, но изгледа дека двојката ја обновила врската.
На Твитер се појави фотографија од 19-годишниот Хери Стајлс и Кара Девелигне во публика на претставата „Book of Mormon“, во лондонскиот „West End“.
Дека заедничката фотографија на членот на One Direction и 21-годишната манекенка не е случајност, потврдува и магазинот „Loоk“. Британскиот магазин пишува дека Хери и Кара се во врска подолго време.
„Имаат одлична хемија. Откако се запознаа се договорија работите да останат прилично опуштени и приватни. Но, Кара му е многу драга на Хари и тоа откако ја запозна пред три години. Цело време имаа некаква романса, но никогаш не и дадоа шанса на нивната врска“, открил извор за „Look“.