Според Wall Street Journal, популарната игра од социјалната мрежа, Farmville, може да се претвори во ТВ серија со получасовни епизоди.
Брет Ратнер, режисерот на Rush Hour трилогијата, како и на Tower Heist, е избран за продуцирање на серијата од страна на канадската Six Eleven Media.
„Farmville е еден од најпрепознатливите брендови во моментов и можностите за играње на повеќе платформи се бесконечни. Јас сум воодушевен што брендот се проширува со постоечките обожаватели а истотака да се придобијат и нови фанови“, изјавил Ратнер.
Farmville и неговото продолжение Farmville 2 се некои од најголемите игри на Фејсбук, кои имаат привлечено над 70 милиони играчи ширум светот кои одгледуваат растенија.