Фановите на Бијонсе изјавија на прилично глупав начин, дека не сакаат нивната ѕвезда да присуствува на свадбата на Кание Вест и Ким Кардашијан.Пред неколку дена на сајтот Change.org во кој различни каузи собираат поддршка од луѓето во светот, се појави петиција насловена „Бијонсе не треба да присуствува на свадбата на Ким Кардашијан”.
Петицијата е создадена од Џон Бери, кој ги објаснува мотивите вака: „Како што можеби знаете, Ким Кардашијан и Кание Вест, за жал, се во центарот на вниманието на медиумите со” свршувачката “. Ким Кардашијан и нејзиното семејство се познати по тоа дека се здобија со светска слава, правејќи апсолутно ништо … Сега ние треба да направиме сé , за да бидеме сигурни дека Бијонсе нема да ја посети оваа патетична свадба, имајќи предвид дека нејзиниот сопруг Jay Z и Кание се најдобри пријатели и тој најверојатно ќе посака и двајцата да присуствуваат. ”