Фановите ја навредиле и рекле дека е- дебела? Вака таа им одговори!

Пејачката за специјална прилика облекла црн фустан, но се чини дека не сите биле воодушевени од нејзиниот избор и изглед.
Пинк и нејзината љубов Кери Харт беа гости на John Wayne 2015 Odyssey Ball кој оваа година се одржал во хотелот Беверли Вилшир Регент.

Screenshot_5

За таа пригода познатата пејачка облекла црн фустан, но се чини дека не сите биле воодушевени од нејзиниот избор. 35-годишната Пинк преку Твитер одлучи да одговори на непријатните коментари на својот изглед која ги добила откога ги објавила фотографиите во фустанот.

Screenshot_6

„Можам да разберам дека некои од вас се загрижени за мојот изглед и дека некои чувствуваат потреба да коментираат на мојот изглед. Тоа беше настан на кој отидов за да ја поддржам мојата драга пријателка д-р Меги Дином која ја доби награда Duke Award за својот труд и допринос во лекувањето на ракот. Но, за жал, мојата тежина за некои од вас очигледно била поважна од тоа. Признавам дека фустанот подобро изгледаше кога го сликав дома во кујната, но јас и така се чувствував убаво. Всушност, се чувствував прекрасно. Затоа убаво ве замолувам да не се грижите за мојата тежина бидејќи ни јас не се грижам. Јас сум навистина добро, навистина сум среќна и имам здраво тело. Ви благодарам на вашата загриженост. Ве сака, чизкејк“, напишала Пинк на својот статус.

Screenshot_7

- Реклама -