160
Симптомите на сончев и топлотен удар може да се развијат брзо или во текот на неколку дена.
Топлотниот и сончевиот удар се нарушувања предизвикани од изложеност на екстремни температури, а некои луѓе може да бидат повеќе склони кон тоа од другите.
Ова ги вклучува луѓето кои имаат:
– прекумерна тежина или страдање од дебелина
– значителна попреченост
– изгореници од сонце
– се помлади од 13 или постари од 65 години
– користат одредени лекови за проблеми со срцето или висок крвен притисок, особено диуретици
– ненадејни промени во температурата, како на пример преминување од ладна клима во топла
– поминуваат време надвор на екстремна топлина или во затворен простор без можност да се разладат
Симптомите на сончев и топлотен удар можат да предизвикаат значителна непријатност, а често им претходат мускулни грчеви.
Секој што се сомнева дека има сончев удар треба веднаш да преземе чекори, како што се:
– засолнување на место со дебела сенка
– вклучување на вентилатор или клима уред
– покривање на кожата со ладна вода или ставање ладни, влажни пешкири на телото
– консумација на течности како вода и спортски пијалоци
Доколку некое лице повраќа или чувствува гадење, потребна е консултација со лекар, пренесува „Нови лист“.