„Фактор“: Зетот на Изет Меџити најсериозен кандидат за директор на МЕПСО

Бесим Кока од ДУИ е најсериозен кандидат за иден директор на државната компанија за пренос на електрична енергија МЕПСО – пишува порталот „Фактор“.

Кока е истакнат член на ДУИ и дел од чаирското крило предводено од Изет Меџити, кому му е зет. Речиси две децении Кока е дел од здравствените институции – од 2001 година бил финансиски директор во старата Градска болница (сега „Универзитетска клиника за хируршки болести Свети Наум“), а во моментов е актуелен финансиски директор на Здравствен дом – Скопје.

 

Доколку Кока замине во МЕПСО, на негово место повторно ќе дојде кадар од ДУИ, додава „Фактор“.

Прочитајте и:  Ден на албанската азбука: Ниту едно добиено право не може да се укине или ограничи - му порача Меџити на Уставен суд
- Реклама -