Отворање на границите и целосно укинување на полицискиот час, со почеток од 1 јуни, предложила Комисијата за заразни болести на состанокот утрово, објави „Фактор“ од свои извори.
Полицискиот час секако нема ефект, бидејќи граѓаните не го почитуваат, вели извор од Комисијата за порталот.
Тој предупредува дека и од отворањето на границите може да нема многу фајде – ако има многу новозаразени, Македонија најверојатно ќе биде непожелна за сите други земји.
Според „Фактор“, комисијата предложила кафулињата и угостителските објекти да се отворат во четврток.