Фајзер побара дозвола од ФДА за вакцинација на деца од 5 до 11 години, тврди дека и за нив треба трета доза

Вашингтон, 7 октомври 2021 (МИА) – Американската фармацевтска компанија Фајзер денеска соопшти дека од Управата за храна и лекови (ФДА) побарала дозвола вакцината против Ковид-19 да се аплицира на деца од пет до 11 години.

Доколку ФДА одобри, според компанијата, вакцинацијата на деца може да почне во рок од неколку недели. Но, конечната одлука за вакцинација на помладите деца ќе ја донесат експертите од Центарот за контрола и превенција на болести.

Фајзер наведе дека нејзиното истражување покажало дека помладите деца треба да добијат и трета доза како возрасните лица.

Истражувањето е спроведено на 2.268 доброволци на возраст од пет до 11 години, при што е утврдено дека нема сериозни нуспојави од вакцината против Ковид-19. Фајзер наведе дека нејзиното истражување покажало дека помладите деца треба да добијат и трета доза како возрасните лица.

Вакцината на Фајзер е одобрена за тинејџерите на возраст од 12 до 15 и за постари од 16 години.

- Реклама -