Вашингтон, 12 јануари 2022 (МИА) – Фармацевтската компанија Фајзер објави дека намалува дел од својот оддел за продажба во САД, и покрај рекордните приходи од продажба од над 80 милијарди во 2021 година.
Според компанијата, лекарите и другите здравствени работници веројатно ќе сакаат помалку личен контакт со фармацевтските трговци по завршувањето на пандемијата, а состаноците ќе бидат повеќе на интернет.
Фајзер проценува дека половина од состаноците ќе се одржуваат на далечина. Компанијата не прецизира колку работни места ќе затвори.
Се претпоставува дека Фајзер ќе отпушти неколку стотици луѓе.
Фармацевтската компанија годинава очекува уште поголеми приходи, до 100 милијарди долари. Речиси половина од нив треба да бидат од продажбата на вакцината против Ковид-19 и новиот лек за лекување на тој вирус.