„Фајненшл тајмс“: Израел се соочува со сериозен недостиг на муниција за своите ПВО системи

Во екот на војната во Појасот Газа и Либан и подготовките за можна ескалација на конфликтот со Иран, Израел се соочува со потенцијален недостиг на ракети пресретнувачи во неговиот систем за противвоздушна одбрана.

Повикувајќи се на експерти и поранешни воени функционери, американскиот весник „Фајненшл тајмс“ наведува дека „официјален Вашингтон и помага на еврејската држава да го реши тој проблем“, меѓутоа, поради недостигот на ракетна муниција, Израел би можел да се најде во ситуација да треба да одлучи кои цели сака да ги брани како приоритет, пренесе Тајмс оф Израел.

– Проблемите со муниција на Израел се сериозни. Доколку Иран одговори на напад од Израел, а Хезболах исто така се приклучи во тој напад, израелската противвоздушна одбрана ќе биде преоптоварена, рече Дана Строл, поранешен функционер во американското Министерство за одбрана.

Прочитајте и:  Кабинет на Нетанјаху: Израел ќе ги слуша САД, но ќе одлучува во согласност со своите национални интереси

Боаз Леви, извршен директор на Israel Aerospace Industries, кој произведува ракетни проектили, рече дека некои од израелските производствени линии работат 24 часа на ден, седум дена во неделата.

- Реклама -