Facebook стана сопственик на WhatsApp

Сопственикот на најголемата социјална мрежа во светот, Марк Цукенберг, вчера во својот профил официјално објави дека Facebook стана сопственик на познатата апликација за инстант пораки WhatsApp.

Тој исто така објасни дека целта на Facebook е да го направи светот отворен и сврзан. Токму затоа тие во компанијата се трудат да создаваат услуги кои ќе им помогнат на луѓето да споделуваат било каков вид содржини со кој сакаат, па затоа сметаат дека токму WhatsApp ќе им помогне да придонесат кон создавање на услуги кои луѓето ширум светот ќе сакаат да ги користат.

Цукенберг исто така објасни дека WhatsApp е едноставна и брза апликација која се користи од над 450 милиони луѓе во светот и има за цел да ја зголеми таа бројка до над 1 милијарда корисници. Тој исто така сподели дека апликацијата ќе продолжи да работи независно во рамките на Facebook, каде во наредните години, ќе се работи на подобрување на услугата.

Сопствениците на WhatsApp во рамките на овој договор ќе добијат 4 милијарди долари во кеш, 12 милијарди долари како Facebook акции и дополнителни 3 милијарди долари во ограничени акциски единици за тимот на WhatsApp за наредните четири години.ж

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -