Истражувачкиот труд на софтверскиот инжинер на Facebook го објаснува фактот кој јасно вели дека оваа спeцијална мрежа следи се што ние пишуваме, дури и ако не го постираме напишаното!
Џенифер Голбек, Претседателот на Лабораторијата за Човечко-Компјутерската интеракција и Професор на Универзитетот во Мериленд, се согласи со научниот труд дека отфрлените пораки, постови, коментари и статуси не исчезнуваат целосно.
Наместо оние постови за кои сме се предомислиле да ги постираме да останат некаде незапаметени, Facebook користи код кој влегува во трагата на се што сте сакале да постирате, а сте го избришале и испраќа метадата за таа порака во основите на својата база.
Новиот истражувачки труд кој е напишан од страна на Facebook истражувачот Адам Крејмер и Д-р Саувик Дас ги испитува причините зошто некои Facebook корисници сами себе се цензорираат и која е причината зошто Адам гледа низа од прекинати и непостирани статуси и непостирани коментари на нечии слики.
Facebook ги чува податоците кои вие не сакате да ги објавите, а ги зачувува и останатите податоци поврзани со необјавените постови како што е времето и датумот кога сте сакале да го објавите постот и дали тој требало да се постира на вашиот профил или на страната на вашиот пријател.
Повнимателно со статусите, коментарите и постовите другпат.
Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk