Како што пренесува TechCrunch, Facebook штотуку го најави својот нов план да ја избрише опцијата за праќање пораки преку смартфоните и да ги натера корисниците доколку сакаат да комуницираат со своите пријатели да мораат да ја преземат апликацијата Facebook Messenger.
Во изворот стои објаснување дека компанијата се одлучила на ваков чекор бидејќи според најновите истражувања докажано е дека луѓето кои ја користат аликацијата Messenger комуницираат околу 20% побрзо отколку оние кои испраќаат обични пораки преку Facebook.
Добрата вест е дека сите корисници на iPad, Windows телефони, како и десктоп корисниците ќе бидат ослободени од обврската да комуницираат исклучиво преку апликацијата.
Facebook веќе започна со испраќање на известувања до iOS и Android корисниците за овие нови промени, па немојте да бидете изненадени доколку стигне и до вас ваква нотификација.
Текстот е објавен во соработка со socialnet.mk.