EXIT 2010: Фоторепортажа

Повеќе...EXIT фестивалот е најголемиот музички фестивал во Југоисточна Европа. Иако заврши пред два дена, спомените од него ќе траат вечно. Екипата на 365 беше присутна на фестивалот, па ви ги пренесуваме импресиите од четирите дена забава на следната страница.

EXIT фестивалот е најголемиот музички фестивал во Југоисточна Европа. Иако заврши пред два дена, спомените од него ќе траат вечно. Екипата на 365 беше присутна на фестивалот, па ви ги пренесуваме импресиите од четирите дена забава подолу.

Пред точно 10 години граѓаните на Србија, а посебно на Нови Сад, решија да го искажат своето незадволство од режимот на Слободан Милошевиќ на начин како што го немаа направено тоа дотогаш. Наместо протести, какви што имаше претходно, тие решија овојпат да направат нешто поинакво. Тоа лето, една мала група на студенти доби идеја да се направи фестивал. Фестивал каде што ќе бидат чуени и разбрани. Фестивал каков што немало дотогаш. Фестивал преку каде незадоволството ќе се изрази преку музика и забава. За ова, тие одбраа една мала шумичка покрај Факултетот за Филозофија – и така настана првиот Егзит, наречен „Exit Noise Summer Fest“. Тогаш, околу 200.000 луѓе не само што се забавуваа – туку и се разбудија. Иако летото во 2000 година наликуваше на секое друго лето, тоа лето всушност беше раѓањето на еден феномен.

Феномен кој полека, но сигурно, стана Српски бренд. 10 години подоцна, приказната е сосема поинаква.

Ambient_2_resize

Сега EXIT не е повеќе Српски бренд – сега тоа е светски бренд! EXIT е местото каде можеш да се искажеш, да не се срамиш кој си и што си – и сето тоа преку музика и забава. А најдоброто е што нема да бидеш сам. Покрај тебе ќе има илјадници истомисленици и љубители на добра музика.

Петроварадинската Тврдина, локацијата каде што се одржува EXIT, барем неколку дена е дом на луѓе од сите краишта на светот, дом за сите кои сакаат добра забава и дружење.

Tvrdina__resize

Оваа година, по втор пат, таму беше и EXIT кампот каде имаше деноноќна забава, и многу пријателски расположени странци. Во EXIT кампот не е важно од каде доаѓаш, како си облечен или каков си – важно е дека си таму. А таму сè што ти треба е шатор 🙂

Kamp_resize

Кампот е сместен над тврдината, овозможувајќи ви да бидете близу до главната забава. Оддалечен е само 20 минути пеш до EXIT фестивалот, а таму ги имате сите услови – од туш кој постојано има топла вода, па сè до место каде што можете да си ги наполните мобилните телефони. А веднаш спроти него се наоѓа паркингот за возила.

Znaci_resizeИнформативните табли, кои беа речиси насекаде, им овозможуваа на странците да не се загубат низ огромната тврдина. Чести беа и бироата за информации, кои ве упатуваа во саканиот правец или ќе ви помогнат со совет. Благодарение на комуналната полиција, а и на многубројните канти за отпадоци и тоалети, тврдината секогаш беше беспрекорно чиста. Толку чиста, што не се познаваше дека претходниот ден на истото место илјадници луѓе јаделе, пиеле и се забавувале.

Но, колку и да е голема, Петроварадинската тврдина не беше доволно истражена и искористена. Дали од неспиење или лечење мамурлак, само мал број на луѓе решија да се прошетаат низ подземните тунели и катакомби, длабоки 16 км. под тврдината, а долги стотици километри. Исто така, таа нуди и прекрасни глетки на градот и на реката Дунав.

Според неофицијални извори, ова е последен пат EXIT да се одржува на Петроварадинската тврдина, која сè досега беше неразделен дел од фестивалот. Сите се согласуваат во едно – каде и да биде следниот EXIT, ќе го нема тој шмек и дух кој го нуди тврдината.

Иако фестивалот се одржуваше на тврдината, тој секако беше присутен и во градот.

Novi_Sad_resize

За време на EXIT, улиците одеднаш се фарбаат, градот се чисти и насекаде има луѓе кои ви нудат сместување. Додека се шетате низ Нови Сад, секој миг нешто ќе ве потсети дека сега е EXIT. Постојано се делат City Guide списанија, а локалните жители знаат тоа добро да го искористат – од продажба на сувенири и саем на ракотворби па сè до кампањи кои потсетуваат на фестивалот.

Saem_2_resize
Novi_Sad_Prodavac_resize
Ambient_vo_N._Grad_resize

Пример за тоа беше одличната кампања на Jat Airways – „Get EXITed“, која беше во самиот центар на градот и го привлече вниманието на туристите, но и на локалните жители.

Kampana_resize
Kampanja_2_resize

„Get EXITed“ е проект кој овозможува духот и забавата на EXIT да трае повеќе од 4 дена – тој трае 10 дена во 5 различни земји. Целта на овој проект е фестивалот да се почувствува насекаде и е убаво загревање пред фестивалот.

Kampanja_Get_Exited_resize

А Нови Сад навистина може многу да ви понуди. Па така, додека чекате да почне забавата, вие можете да ги пробате домашните специјалитети, да одите на базен или пак на градската плажа Штранд (покрај која нашата наликува на нечиј двор). На плажата е дозволено капење, иако на самиот влез има знаци кои ве предупредуваат дека во реката има бактерии, па капењето е на ваш ризик.

Gradska_plaza_1_resize
Gradska_plaza_2_resize

Веднаш до плажата е прекрасниот рибарски остров, кој ви нуди храна и пиење во еден вистински одличен, посмирен амбиент. А и цените таму се пристојни.
Дали ќе се одлучите за добра храна, капење или шетање – градскиот превоз ќе ве однесе насекаде. Во градот, а и во во тврдината, постојано има мапи со линиите на градскиот превоз и кога тој доаѓа. Автобуси има и во 4 часот наутро, па така и превозот со такси може да се избегне. Впрочем, организацијата на EXIT дури и советуваше да не се возите со такси, имајќи во предвид дека тие би ви земале навистина големи суми.

Кога станува збор за организацијата, мора да се спомене дека таа беше на навистина високо ниво. Во градот постојано имаше монитори и постери кои известуваа кој настапува таа вечер, на која бина и во колку часот. А и постојано се делеа брошури за полесно снаоѓање.

Informativna_tabla_resize

На пат кон тврдината, освен пиво и сок, насекаде можеше да се купи и ракија. Од кајсија, вишња, мед… и што уште не. Но, според продавачите, на странците многу не им се допаѓала – била премногу јака за нивниот вкус 🙂

Pienje_resize

Пред влезот имаше брза храна и пиво, но по повисока цена. Храната и пијалаците на EXIT можеа да се купат единствено со токени, официјалната валута на „државата EXIT“.

Tokeni_resize

Еден од главните спонзори на фестивалот беше Туборг, па единственото пиво на фестивалот беше токму тоа – Туборг. Покрај пивото, имаше и вино – кое речиси никој не го препорачуваше. За храната, пак, имаше поголем избор. Можеше да се избере помеѓу мескиканска храна, кинеска, хот дог, плескавици, слатки, лиснати, палачинки и грицки.

Hrana_resize

EXIT продавниците исто така беа многу чести низ тврдината, каде можевте да си купите маици или накит. За жал, само тоа – иако сите се надеваа на поголем избор.

EXIT_Shop_resize
Иако на влезот имаше многубројни контроли, сепак влегувањето на фестивалот беше брзо. Внатре, големите билборди помагаа при наоѓањето на бината на која сакате да одите и ве упатуваа од каде да купите храна и пиење. Кога сте веќе внатре, журката може да почне!
Уште на самиот почеток можеше да се види дека ова е навистина светски фестивал. Првиот ден публиката броеше околу 40.000 луѓе и таа воопшто не го штедеше својот глас. Интересно беше што и многу од изведувачите имаа научено неколку српски зборови, како на пример Мика со неговото „Шта се дешава, Нови Сад?!“ па тоа уште повеќе ги возбуди.

Ambient_na_Getta_resize

Mika_resize

А публиката беше навистина посебна – понекогаш погласна од самите изведувачи. Токму таа допринесе за подигање на атмосферата на EXIT. За возврат, EXIT понуди музика за сечиј вкус. Можеше да се кулира на реге или да се скока на електронска музика, да си прилегнете на тревата или да се изборите до првите редови. И немаше никаква потреба за паника, првата помош беше насекаде. Тие што беа далеку од бината, секој настап можеа да го следат на огромните екрани од двете страни на бината.

Ekrani_resize

На секоја од бините имаше поставено голем број на тоалети, па не беше проблем ако ви се одеше „каде што царот оди пеш“. Имаше дури и чешми со вода, за освежување.

Ambient_3_resize_copy
Полицајците во цивил внимаваа дали се конзумира марихуана или друг вид на дрога, особено на реге бината:) Сите бини беа доволно оддалечени една од друга и лесно пристапни. Вториот ден, пак, Placebo докажаа зашто се толку големи. За да се видат одблизу, требаше да се дојде многу порано на фестивалот.

Placebo_resize
Placebo_3_resize
Placebo_2_resize

После Placebo, тие кои сè уште не беа доволно разбудени и освестени, тоа можеа да го направат на бината кај Josh Wink.

Josh_Wink_resize

Скокање и играње до самото утро. И после директно на автобус 🙂 Во текот на фестивалот, на вкупно 20 бини можеа да се чујат и видат околу 600 изведувачи. Звукот и настапите на секој од нив беше на беспрекорно ниво.

Abmient_2_resize

High Control од Македонија изјавија: „Сè беше супер организирано и добивме одличен третман. Опремата која ја нуди EXIT едноставно неможе да биде подобра“. Прес центарот исто така понуди одличен третман за новинарите. Работеше од 17.00 до 03.00 часот, имаше пристап до интернет и во него се одржуваа голем број на трибини. Персоналот беше учтив и расположен да ви одговори на сите прашања.

Press_resize

Но, не само во прес центарот – персонал на целиот фестивал беше многу љубезен. Низ фестивалот исто така имаше и многу chill out зони, каде што можеше да се седне или прилегне на душеци и меки табуретки. Третиот ден можеше конечно да се чуе добар хип-хоп. Missy Elliott со своите изведувачи направи шоу во кое уживаа сите. Таа дури и се симна долу, меѓу публиката, па и таму испеа една песна.

Misi_Elliott_resize

Иако David Guetta почнуваше дури два часа по Missy Elliott, не можејќи да чекаат, а и да заземат убаво место, сите веднаш отидоа на неговата бина.

D._Getta_resize

Тој со својот настап доцнеше околу половина час, но никој не му замери. Баш напротив – му приредија добродојде какво што не очекуваше.

D._Getta_Ambient_2_resize

Забавата заврши некаде во 5 часот наутро, но сите беа подготвени за повеќе.

D._Getta_Roboti_resize
D.Getta_ambient_resize
David_G._Roboti_resize

И камионот на Jack Daniels овојпат беше на EXIT, веднаш до главната бина, нудејќи одлична забава. Имено, на него можеше да се пие виски со поевтина цена и да се присуствува на журките кои ги прави Jack Daniels, а кои се навистина посебни. Таму можеше дури и да се доживее 3D искуство, гледајќи го филмот за Jack Daniels. Можеше и да се игра фудбалче и други интересни игри.

Jack_Daniels_resize

Jack_Daniels_Truck_resize
Jack_D_resize
J._Daniels_Igri_resize

Овој камион е чест гостин на сите важни европски фестивали, па неговото присуство претставуваше голема чест за EXIT. А присуството на самиот камион претставуваше голема чест за нас. На четвртиот, последниот ден, сите беа најмногу расположени.

Ambient_3_resize_copy_copy

Благодарение на финалето на Светското Првенство, атмосферата беше одлична.

Fudbal_2_resize
Fudbal_resize

Сите отидовме да гледаме фудбал на фестивалските екрани, а гледањето фудбал таму е искуство кое не се заборава. Гледавме заедно со навивачите од Шпанија и од Холандија, кои финалето ги засегаше лично.

Fudbal_1_resize

За време на фудбалот бините беа празни. Никој не се осмелуваше да почне да свири на ваков важен настан. Дури и легендарните Faith No More учтиво чекаа да заврши фудбалот, а потоа пиеја ракија и играа оро 🙂

Faith_No_More_2_resize
Faith_No_More_resize

Испеаа шпанска песна во чест на шампионите, а потоа и српска, во чест на домаќините. Иако изгубија, Холанѓаните беа супер расположени и го правеа тоа за што дошле – играа, пееја и се смееја. По Faith No More, The Chemical Brothers направија првокласно визуелно шоу. Нивните ласери го осветлија небото над главната бина, со што фестивалот одеднаш доби нова димензија.

Chemical_Brothers_resize

Никој не сакаше да си оди по завршувањето на фестивалот, никој не сакаше да се збогува со Петроварадинската тврдина и со забавата која само таа може да ја понуди. Така, брошурите што ги делат низ фестивалот и градот ви препорачуваа каде да продолжите со забавата. Ви го препорачуваат Белград, со After EXIT журките. Ако сè уште имате енергија, секако 🙂

Ambient_na_Getta_resize_copy_copy_copy

EXIT е искуство кое не се заборава и ви препорачуваме да го искусите. Ако не сите денови, барем еден. Ова е фестивал во кој сите ве сакаат и вие ги сакате сите. Заморот од претходната ноќ веќе го нема во следната, грижите од претходната ноќ исчезнале… како и парите 🙂 Задоволството не е евтино, но веруваме дека доволни ќе ви бидат 200-250 евра за трошоци за сите денови. Меѓутоа парите нека не бидат причина да останете дома. Тоа можете да го направите и со помалку средства. Ако не сте биле досега, направете план за следната година и појдете на EXIT, каде веруваме ќе си поминете незаборавно, по што ќе им раскажувате на вашите пријатели. Добра забава, па се гледаме! До следната година!

Ambient_4_resize
Ambient_5_resize_copy
Guzva_resize

- Реклама -