Евтините копии на парфемите содржат урина и антифриз (видео)

perfumes1Копиите на познатите парфеми со кои се среќаваме на улиците претставува пазар вреден милиони. Да се купи по пониска цена парфем со звучно име е големо искушение, но кога за евтини пари го купуваме популарниот мирис всушност се изложуваме на непотребни опасности.

beauty-fake-fragrances-0110-deКопиите на познатите парфеми со кои се среќаваме на улиците претставува пазар вреден милиони. Да се купи по пониска цена парфем со звучно име е големо искушение, но кога за евтини пари го купуваме популарниот мирис всушност се изложуваме на непотребни опасности.

Американскиот моден магазин Harpers Bazaar веќе шест години се занимава со разоткривање на лажните копии на луксузните производи, а во најновиот број на мета беа парфемите. Резулатите од истражувањата спроведени во Велика Британија и Ирска се навистина шокантни – во шишенцата под познатите марки се наоѓаат мириси кои соржат урина, бактерии и антифриз!

„Урината се користи како стабилизатор на PH вредноста, а покрај тоа на парфемот му дава привлечна боја. Ваквите мириси се евтини, а со заработката се финансира тероризмот, трговијата со дрога и бело робје.“, објаснува Valerie Salembier од Harper Bazaar.

Наведените состојки се посебно опасни бидејќи се нанесуваат на чувствителните делови на кожата. Предизвикуваат печење, иритација, па и дерматитис. Лажните парфеми можат да се препознаат по лабавите опаковки, тенките кутии и бар кодовите кои се наоѓаат на предниот дел на пакувањето, наместо на задниот.

{youtube}HkAPcx1YdrE&feature{/youtube}

- Реклама -