На Евровизија сме виделе речиси се – и чудно, и бизарно, и прекрасно. Ама вакво нешто се уште немало.
Во саботата, Финска го избра својот претставник за Евровизија 2015. Откако победија со Lordi во 2006-тата, не би требало да сме многу изненадени што сега се осмелија да го пратат првиот панк бенд што ќе настапува на фестивалот. Се работи за Pertti Kurikan Nimipäivät (PKN), група која во целост е составена од членови со пречки во развојот. Нивната примарна цел е да ја покренат свесноста кај пошироката публика за луѓето со ментални пречки, и тоа преку „е*ено добра забава“.
Песната се вика Aina Mun Pitää („Секогаш морам да“) и пее за секојдневните банални обврскишто луѓето мораат да ги прават, како на пример – миењето. Со траење од 1 минута и 42 секунди, ова ќе биде една од најкратките песни што досега настапила на Евровизија.
Инаку, групата веќе има издадено албум, а и неколку ЕП-ја.