Овие индекси се составени на основа на паритетот на куповната моќ. Ценовните разлики меѓу европските земји се значајни. Често се забележуваат разлики дури и помеѓу соседни држави, како што се Австрија и Унгарија или Германија и Полска, според истражувањето на Евростат.
Според Евростат, паритетот на куповната моќ може да се искористи за пресметување на тоа колку луѓето можат да купат со иста количина пари во различни земји. Резултатите потекнуваат од анкети за цени кои опфаќаат над 2.000 потрошувачки стоки и услуги (како што се храна, облека, пијалоци, хотели и слично), спроведени во 36 европски држави.
Според овие податоци, Швајцарија е 3,9 пати поскапа од Турција, односно за 184% поскапа од просекот на ЕУ. Турција и Македонија се меѓу најевтините земји, заедно со Бугарија, Романија, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија и Црна Гора.
Турција води на листата на најевтини земји, со цени кои се 47% од просекот на ЕУ, што значи дека се 53% пониски од просечната европска цена.
Во рамките на ЕУ, Луксембург е најскапа земја, со цените 51% повисоки од просекот. Бугарија и Романија ги означуваат најевтините членки, со цена од 57% од просекот на ЕУ. Ова укажува на тоа дека Луксембург е околу 2,7 пати поскап од Бугарија и Романија, прикажувајќи забележителен, но помал јаз во споредба со разликите помеѓу Швајцарија и Турција.
Двеесет земји од ЕУ имаат цени над просекот, при што Данска, Ирска и Луксембург се најскапите.
Сите пет нордиски земји – Данска, Финска, Шведска, Норвешка и Исланд – постојано се на високи позиции. Најчесто, земјите од Централна и Источна Европа покажуваат пониски ценовни нивоа. Романија, Бугарија, Унгарија, Полска и балтичките држави – Латвија, Литванија и Естонија – се под просекот на ЕУ, обично поради пониските трошоци за работна сила во овие региони.
Нивото на цените е исто така пониско и во земјите што се кандидати за ЕУ – Турција, Македонија, Албанија, Србија и Босна и Херцеговина.