Европскиот совет одлучи: Украина и Молдавија ги почнуваат преговорите за членство

Лидерите на змјите членки на ЕУ донесоа одлука за старт на преговори за членство со Украина и Молдавија, објави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на платформата Икс.

„Европскиот совет одлучи да отвори пристапни преговори со Украина и Молдавија“, наведе Мишел.

Според него, Советот на ЕУ решил и да ѝ додели статус на земја кандидат за членство на Грузија, додека во однос на БиХ останува условената препорака за старт на преговорите.

„ЕУ ќе ги отвори преговорите со Босна и Херцеговина, откако ќе се постигне потребниот степен на усогласеност со критериумите за членство и ја повикува Комисијата да поднесе извештај до март со цел да се донесе таква одлука“, додаде Мишел во објавата.

Прочитајте и:  Украина првпат ја нападна Русија со американски ракети ATACMS - погодено складиште во Карачев, во Брјанскиот регион

Според него, ваквите одлуки се јасен сигнал за надеж за народите на овие земји и за европскиот континент.

- Реклама -