Европскиот парламент ќе почне со минута молк за жрвите од нападот во Стразбур

Европскиот Парламент ќе почне со една минута молк во знак на почит за жртвите во нападот на божиќниот панаѓур во Стразбур, соопштува Le Figaro.

Потрагата по напаѓачот – 29-годишниот Шериф Шекат, продолжува. Досега никој нема преземено одговорност за нападите.

Од американскиот SITE, кој ги следи џихадистичките сајтови, велат дека поддржувачите на Исламска држава славеле по нападот во Стразбур.

Во меѓувреме надлежните институции во Франција го корегираа билансот од нападот – убиени се двајца, а повредени се 14. Од нив 9 се во тешка состојба, а четворица е се полесно повредени.

Европскиот Парламент оваа недела е во пленарен состав во Стразбур. Зградата на Парламентот синоќа беше затворена, а на луѓето им беше забрането да излезат. Како што порача портпаролот на ЕП – Хауме Дух, на Твитер, враќањето во Европскиот Парламент е безбедно и нормалните активности продолжуваат.

- Реклама -