Европа ја чека долгоочекуван новитет во полето на гастрономијата, пишува „Гардијан“.
Според весникот, за неколку недели Европската агенција за безбедност на храна ќе ја поддржи индустријата за производство и обработка на инсекти така што ќе одобри продажба и производи од инсекти за човечка исхрана.
Тоа значи дека во земјите на ЕУ за првпат ќе се појават огромен број јадливи инсекти, со што ќе се отворат „нови можности“ во прехранбената индустрија.
Доколку ЕУ даде зелено светло, веќе наесен на менијата во Европа ќе можат да се најдат разни видови црви, штурци и скакулци.
Во последниве неколку години сѐ повеќе се зборува и се промовира исхраната со инсекти, како потенцијална похумана алтернатива на месото од животни, со оглед дека се богати со протеини.
Повеќе на „Гардијан“.