Европа под снег, Балканот на штрек

Снежната олуја зафати делови од Франција, Велика Британија и Германија, каде од вчера сообраќајот е или попречен или во локален прекин. Десетина илјади куќи во Велика Британија останаа без струја. Зимската бура во Западна Европа е проследена и со силен ветер со брзина од 160 км/ч, а во делови од Германија и Швајцарија падна повеќе од 20 сантиметри снег.

554873_sneg-britanija-foto-ap-2_f[1]

Во Британија е прогласен највисок степен на готовност, со цел справување со последиците. Снегот најмногу паѓа во северниот и централниот дел на земјата, каде достигна и до 11 сантиметри.

554880_sneg-britanija-foto-reuters-7_f[1]

Многу возачи се соочуваат со завејани и неподвижни автомобили, па дел од нив ги напуштија возилата, додека останатите останаа да бараат решение. Метеоролозите предвидуваат уште снег и уште посериозни последици по патиштата. Аеродромот „Џон Ленон“ во Ливерпул е затворен, заради чистење на пистите од снег.

554878_sneg-britanija-foto-reuters-5_ff[1]

На три четвртини од територијата на Франција, патниот сообраќај е драстично попречен и има големи гужви и застој. Лука Кале, на северот на Франција, е затворено за бродски сообраќај, поради силен ветер со брзина од 90 км/ч.

554874_sneg-britanija-foto-reuters-1_ff[1]

Заради снегот и мразот, на германскиот автопат А8, кај Штутгарт настана колона долга 20 километри, а преку илјада возила се во застој. На југот и западот на Германија, денес паднаа дополнителни 10 сантиметри снег.

554875_sneg-britanija-foto-reuters-2_ff[1]

Се чини дека само на француските Алпи се радуваат на снегот. Таму скијачката сезона и официјално започна, ама стазите едвај да побелеа. Викендов, кога во пресрет на новата година се очекува пикот на посетеноста, се очекува да паднат и до 60 сантиметри снег, макар што само на планините повисоки од 2000 метри.

- Реклама -