Европа ја очекува нов бран на курдски мигранти?

Околу 200.000 Курди бегаат од југоисточните делови на Турција поради вооружени пресметки во регионот, и Европа наскоро би можела да се соочи со нов бран мигранти, објави германскиот весник „Дојче виртшафтс Хахрихтен“.

v201391

Ситуацијата во регионот се влоши после жестоките пресметки помеѓу Курдската работничка партија и турските сили за безбедност. Кон средината на октомври, околу 100 луѓе беа убиени во бомбашки напади на курдските демонстрации во Анкара.

Според пишувањата на весникот, локалните жители ја опишуваат моменталната ситуација како воена и наведуваат дека голем број луѓе се убиени во овие немири. Еден од локалците изјавил за весникот дека жителите не располагаат со вода и дека експлодирале трансформатори за електрична енергија. Друг жител изјавил за весникот дека неговата 11 годишна ќерка била погодена со куршум кога заминала да купи леб. Луѓето повеќе не се осудуваат да излегуваат на улица, пренесува „Спутник“.

Операцијата која Анкара ја спроведува во југоисточна Турција е војна против сопствениот народ, напиша германски новинар за весникот „Нојес Дојчланд“.

Во таканаречената антитерористичка операција која започна минатата недела учевствуваа речиси 10.000 припадници на воените и полициските сили.

Како резултат на офанзивата, до сега се убиени повеќе од 100 припадници на Курдистанската работничка партија.

- Реклама -