Пред нас е новата сезона на популарната Евролига. Ние немаме тим за таа дружба, ама тоа не е причина да не се потсетиме на најинтересните моменти од ова натпреварување.
Идеме …
1. Принтезис – Олимпијакос (2011-2012) финале против ЦСКА
По двете промашени слободни на Шишкаускас, Спанулис реши да го почасти Принтезис топка вредна „слава“. Овој со свирката за тутула против ЦСКА.Дека тоа не било случајност докажа и лани со тројката која го однесе Олимпијакос во Фајнал фор.
2. Стојан Вранковиќ – Панатинаикос (1996) финале против Барса
Типов влезе во вечните не со кош туку со блокада. На 4 секунди до крај истрча како најбрзиот плејмејкер и залепи банана вредна титула.
3. Тајрик Рајс – Макаби (2013-2014) фајнал фор против ЦСКА
2013 година Макаби како да залута на фајнал форот со тоа што го добија Армани во четврт. Еве како ја добиа ЦСКА.
4. Дерик Шарп – Макаби (2003-2004) осмина против Жалгирис
Повторно Макаби. Губеа 94 -89 на 10 секунди пред крај. На резултат од 94-91 тројката на Шарп.
5. Душко Савановиќ – Валенсија (2010) групна фаза против Олимпија
На 1.3 секунди до крај, Саван со тројка за пласман во елиминации.
6. Спанулис – Олимпиакос (2013-2014) топ 16 против Панаинаикос
Не е фер листава да помине без главниот, кој има најмногу „clutch винери“. Тој, со тројка, го урна градскиот ривал во последното коло од топ 16.
7. Александар Ѓорѓевиќ – Партизан (1992) финале против Хувентуд
На резултат 70-68 Сале со тројка на секунда до крајот го урна Хувентуд.