Мапа што го прикажува бројот на Евреи, според официјалните податоци, што живееле во европските држави во 1933 година, и денес, 70-тина години по Холокаустот.
Според мапава, во Македонија има 100 Евреи. Според македонската Еврејска заедница, во Македонија има околу 200 Евреи.
Бонус:
• Во Црна Гора има само 12 Евреи. Пред 5 години поднесоа петиција за отварање на синагога. Успешна.
• Во Авганистан има само 1 Евреин. До пред неколку години имаше двајца. Според Википедија, се мразеле еден со друг.
„Двајцата тврдеа дека се главни на синагогата и сопственик на Тора-та (светата книга), обвинувајќи го другиот за кражба и измама. Не престануваа да се дискредитираат пред властите, и двајцата поминаа одредено време во талибанските затвори. Исто така, талибанската власт ја конфискуваше нивната Тора“.