Сити Филд, стадионот на Њујорк Метс пред некој ден бил преплавен од над 40.000 Ортодоксни Евреи кои се собрале да дискутираат за опасностите на интернетот.
Толпата – составена само од мажи во согласност со ултра-Ортодоксната традиција на поделба на половите – се собрале да слушаат за потенцијалните проблеми кои можат да произлезат од пристапот до порнографија и други експлицитни содржини на нецензурираниот интернет.
New York Times известува: „Во стадионот беше поставена платформа на теренот од каде што рабини ја предводеа толпата во вечерна молитва и емотивни поттици за избегнување на „ѓубрето“ кое може да се најде на интернетот. Англиски превод на говорите се појавил на џиновскиот монитор под огромен “Let’s Go Mets!” знак.“
„На присутните им биле поделени флаери на кои биле рекламирани услуги како „кошер GPS апликација“ за iPhone и Android телефони, која ќе им овозможи на корисниците да најдат синагоги и кошер ресторани.“ Во статија за NY Post, Ејтан Кобре, портпарол на настанот, објаснил дека проблемите предизвикани од порнографија на интернетот „достигнале ниво на епидемија“ и дека тоа „го разјадува општеството“.
Според New York Times, интересно е тоа што настанот бил финансиран од „здружение на рабини поврзано со софтверска компанија која им продава софтвер за онлајн филтрирање на Ортодоксни Евреи“. Просечната посетеност на натпреварите на Метс во последно време одвај достигнува 20.000. Овој протест го наполнил стадионот а организаторот дури бил приморан да го изнајми и блискиот Артур Еш Стадион, со 20.000 седишта, за да се справи со дополнителни посетители. [40,000 Orthodox Jews protest the internet at NYC baseball stadium]