„Femail“ открива како некогаш бунтовничката и дивото дете порасна да ги води улогите на режисер, мајка, сопруга и филантроп.
Малку ѕвезди имале толку извонредна трансформација како Анџелина Џоли.
Во чест на нејзиниот 40-ти роденден (4 јуни), мајката на шест деца дефинитивно помина долг пат. Од нејзините бунтовнички тинејџерски години и рани 20-тти, па бурниот брак со Били Боб Тортон и замената на неговото ланче полно со крв за скапиот веренички прстен на Бред Пит од 250 илјади долари, како и периодите од продавање дрога до хуманитарна работа.
Тука, „Femail“ не води низ годините за тоа како Анџелина го смени некогаш лошиот имиџ на проблематична девојка, до градење на многу успешна актерска кариера, и смирувајќи се во семеен живот со својот сопруг и нивните шест деца.
Ќерката на актерот Џон Воит и починатата Маршелин Бертран, Анџелина е родена во Лос Анџелес на 4 јуни 1975 година.
Уште во младите години покажува интерес и способност за глумата и има улога во филм со својот татко.
Во 1996 година Анџелина се појавува во филм со тогашната девојка Џени Шимицу, со која сакале да одат во стриптиз клубови.
Кога веќе стана голема ѕвезда, таа ја доби првата награда Златен глобус за најдобра актерка во мини-серија, за нејзината улога во ТВ филмот „Џиа“ во 1999 година.
Наместо фокусот да остане на нејзиниот успех, многу луѓе зборуваа за нејзиното скокање во базен целосно облечена по доделувањето на наградите.
Анџелина продолжи да ниже успеси во својата кариера, вклучувајќи ја нејзината улога во „Girl, Intrerrupted“ глумејќи покрај Виона Рајдер.
По освојувањето на Оскар за оваа улога, Анџелина повторно го сврте вниманието од нејзината награда на сосема друга страна, бакнувајќи го својот брат во уста.
Секс симболот го искоритсти својот статус, и ја започна својата бурна врска со Били Боб Тортон, а на црвениот тепих двајцата изјавија дека штотуку имале секс во лимузината.
Потоа се појави легендарната Лара Крофт во „Tomb Raider“, во кој Анџелина ја играше главната улога.
Таа беше именувана за Амбасадор на добрата волја за Обединетите нации, кога стана свесна за „екстремниот небаланс на богатство и ресурси во светот“.
Млада мајка: Иако неодамна призна дека постоело време кога мислела дека никогаш нема да стане мајка, таа го посвои нејзиниот прв син Медокс во 2002 година- на возраст од 26 години.
Откако започнаа љубовна приказна на филмското платно, во 2005 година Анџелина започна и врска со својот филмски партнер во реалноста – Бред Пит во филмот „Mr. and Mrs. Smith“.
Сега се големо семејство. Заедно, Анџелина и Бред посвоија уште две деца, Захара и Пакс.
Во 2008-та година, двојката ги доби своите близнаци Нокс и Вивиен.
Исто така, во 2008 година, мајката на шест деца беше именувана за највисоко платена актерка во Холивуд, со заработка од 15 до 20 милиони долари од филм.
Џоли не можеше да се задоволи само актерството, па во своето резиме ја додаде својата улога на режисер, и дебитираше во 2011 година со филмот (кој го напиша и продуцира) „Land of Blood and Honey“.
Таа ја продолжува својата хуманитарна работа. Има патувано неколку пати на Блискиот исток, Сирија и Пакистан.
Секси нога: Никој не можеше да престане да зборува за ногата на Анџелина додека позираше на црвениот тепих на Оскарите во 2012 година.
Седум години по јавното објавување на нивната врска, двојката се вери во 2012 година.
Ѕвездата минатата година направи операција за намалување на ризикот од рак на дојката.
Џоли ја продолжува својата успешна кариера во актерството, но и во хуманитарната работа.
Сега, на нејзиниот 40-ти роденден, Анџелина навистина може да тврди дека е една од најпознатите филантропски актерки на нејзиното време- што е пролично импресивно за една жена, која е исто така именувана како најубавата жена во светот од страна на списанија како Vogue, People,и Vanity Fair.