Идејата за компјутерски уред кој ќе се носи на раката и покрај за покажување на времето ќе служи и за комуникација и размена на информации е прилично стара, барем во книгите и стриповите, а особено во филмовите со научно фантастична тема. Токму тој момент го користи Samsung во рекламата за првиот паметен часовник Galaxy Gear.
Во оваа одлична реклама ќе ги погледнете сите видови на паметни часовници кои се користеле во филмовите низ последните пет децении, додека пак Samsung е компанијата која конечно ја реализира оваa голема фантазија со нивниот Galaxy Gear.
[youtube]http://youtu.be/B3qeJKax2CU[/youtube]
Секако Samsung Galaxy Gear не е првиот паметен часовник, а според оценките не е ниту најдобриот со оглед на големиот број на недостатоци и чуството дека се работи за избрзан производ кој треба сеуште да биде доработен.
Сепак мора да се признае дека рекламата на Samsung во два дела е навистина фантастично осмислена, па ако ништо друго барем ќе не потсети на големиот број на омилени филмови и колку технологијата може да биде возбудлива кога недостижните идеи се претворуваат во реалност.
[youtube]http://youtu.be/f2AjPfHTIS4[/youtube]
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk