Еволуцијата на Iron Man

Излезе првата официјална фотографија од снимањето на “Iron Man 3” и во неа Тони Старк ги прегледува сите седум верзии на неговиот костим. Колекцијата е проширена од четирите кои беа присутни во последниот филм со трите кои се појавија во “The Avengers”.

Mark I

Ова е верзијата која Тони Старк ја создаде со делови извадени од ракети за време на неговото заробеништво. Тој го напушти костимот во пустината каде што беше најден од луѓето кои го киднапираа но тој очигледно го вратил во својата колекција.

Mark II

Тони го употреби својот сребрен прототип за само еден тест лет (и принудно слетување). Во вториот филм Џејмс „Роуди“ Роудс го конфискуваше костимот, по што со додадените оружја тој стана War Machine.

Mark III

Првиот златно-црвен оклоп. Првата верзија на “Iron Man” не ја содржела сцената во која костимот се составува дел по дел околу Тони, но по успехот на “Transformers” од студиото потрошиле малку повеќе пари за сцената да биде додадена. Во новата фотографија костимот сè уште ја има штетата од битката со Iron Monger.

Mark IV

Тони го создал овој поелегантен костим за Stark Expo. Во оваа сцена Роберт Дауни Џуниор го носи целиот костим, но обично за време на снимањето тој го носи само горниот дел за поголема подвижност и удобност. Во тие случаи механичките нозе биле додадени дигитално.

Mark V

Сребрено-црвениот костим во актовка кој Тони Старк го користеше против Whiplash во Монако. Овој костим бил инспириран од оригиналните стрипови каде што Тони го носел својот костим во актовка. Но таму актовката не се трансформирала во костим туку костимот бил во неа.

Mark VI

Старк го носи овој костим со новиот триаголен репулсор и во “Iron Man 2” и во “The Avengers.” Тони користи помош оставена од неговиот татко Хауард Старк за да го развие новиот елемент за неговиот реактор.

Mark VII

Најновиот костим на Старк е големиот тробоен оклоп од последната битка против Локи и неговата Читаури армија во “The Avengers”. Писателот/режисер Џос Видон за Empire Magazine изјавил дека тој инсистирал дека костимот на Тони треба да го има кружното светло на градите. Тој рекол: „Кругот има значење, триаголникот нема.“

- Реклама -