Не е ни чудо што Мајли Сајрус е луда по новиот дечко Патрик Шварценегер. Дваесетгодишниот модел ја покажа својата фигура на Инстаграм, во видео кое го објави негов пријател.
Синот на Легенрадниот Арнолд Шварценегер во краткото видео можеме да го видиме без маица, додека се обидува да отстрани лажна тетоважа што неговиот пријател му ја залепил додека спиел.
Имено, Мајли и Патрик заедно ја поминале новата година во Лас Вегас, каде што им се придружил и тато Арнолд, кому му се допаднала Мајли и одлично се согласуваат.