Еве зошто треба да практикувате погруб секс

Верувале или не, но едно неодамнешно истражување покажало дека грубиот секс има големи предности за паровите. Всушност, резултатите покажале дека така расте меѓусебниот степен на доверба.

Испитаниците, кои практикувале таков секс, се изјасниле дека во врската имаат повисок степен на благосостојба, блискост и сигурност, и дека кога велеле груб секс, не мислеле на нешто болно и непријатно.

„Доколку сакате да пробате ваков вид на секс, морате однапред да ги поставите правилата и границите со партнерот. Исто така, немојте да мислите дека мора нешто да направите, само зошто тоа го сака вашиот партер“ објаснил секс терапевтот Исак Мек Кими.

„Секогаш водете сметка за вашиот партнер, а за тоа дали тој ужива можете лесно да забележите по него. Грубиот секс не означува непријатна болка, само интересна возбуда. Започнете со врзување на очите, лисици, и постепено одете подалеку, се додека ви е пријатно и интересно“, додал Исак.

- Реклама -