Ева Лонгорија призна дека сеуште не сака да основа семејство и да има деца.
Познатата “домаќинка“ Ева Лонгорија наскоро ќе наполни 40 години, а изгледа подобро од било кога.
За списанието ‘Ocean Drive’ Ева Лонгорија признала дека ужива во животот и дека никаде не и се брза.
„Планирањето на семејство и деца не ми се сега на прво место, не размислувам премногу за тоа“, вели Ева.
Убавата актерка моментално е во врска со Жозе Антонио Бастон, претседател на ‘Televisа’ и како што вели, многу е среќна со него.
Секогаш зафатена, нема многу време да размислува за работи кои не се нејзини приоритети. Моментално работи на свој проект- серијата ‘Devious Maids’ на која работи како продуцент и режисер, пишува Daily Mail.
„Верувам во серијата. Тоа е прва серија која ги издигнува латиноамериканките и во која тие ја имаат главната улога“, рекла Ева.
Иако многу пати е прогласена за убавица, таа сака луѓето да ја гледаат и како паметна и успешна жена. Ева магистрирала во 2013 година и продолжува со успехот и понатаму.