Еве зошто никогаш нема да го избришете вашиот Facebook профил!

Сте помислиле на тоа да го избришете вашиот профил на Facebook, но немојте да се лажете…

Еве неколку причини во форма на прашања и факти зошто никој не може да се реши да го направи тоа, според „Bussines Insider“.

1.Како ќе ги запамтите родендените на сите пријатели и познаници за да им честитате неколку секунди по полноќ?

2.Тешко дека ќе се вратите на допишувањето по email и ќе чекате и еден час за испраќање на поголема порака со фотографии на повеќе ваши пријатели.

3.Како ќе ги шпионирате луѓето што ве интересираат или со кои имате или сте имале романса. Преку Google?Тоа е премногу компликувано.

g

4.Без Facebook тешко дека ќе комуницирате со некој чиј телефонски број не го знаете.

5.Twitter?На оваа, исто така популарна, социјална мрежа вашите објави се ограничени на 140 знаци. Тоа не е доволно за изразување на мислења и ставови.

6.80 милиони корисници на Facebook играат Farmville, а тоа е само една игра на оваа социјална мрежа. Колку и кои игри ги играте вие секој ден?

original

7.Како ќе дознаете за некоја забава или настан?Како ќе дознаете каде се одржуваат и во кое време?

8.Секако, Facebook има големи проблеми со заштитата на личните податоци, но се повеќе луѓе всушност и не се грижат за тоа. Забележете само колку луѓе престанаа да користат лажни имиња на профилите. Времињата се сменија, а и онака сите не следат – Apple,Google…

9.Сте студирале во странство или сте биле на одмор и сте запознале нови луѓе со кои сте се спријателиле. Ќе им се јавите или ќе им испратите email? Не. Ќе ги најдете на Facebook.

fb

10.Facebook е една од најомилените апликации на паметните телефони. Тоа е факт.

- Реклама -