Млада мајка заврши во инвалидска количка откако позајмила туѓа четка за шминка. Сакајќи да прикрие акна, Џо Гилкрист го искористила приборот за шминкање на својата најдобра другарка, која имала инфекција со стафилокока на лицето во зачеток.
Откако Џо била заразена, инфекцијата започнала да се шири низ нејзиното тело, за на крајот да стигне до ’рбетот.
На почеток, Џо единствено почувствувала болка во грбот, но сметала дека е последица на лошо држење на телото. Наскоро болката се проширила и станала неиздржлива. Било неверојатно болно и ништо не помагало. Џо искрено мислела дека ќе умре – болката била поголема и од онаа при пораѓање.
На докторите во Варвик, Квинсленд, им било потребно прилично многу време за да откријат што и се случило на 27-годишната мајка, конечно заклучувајќи дека изворот на инфекцијата била четката за шминкање.
„Ми рекоа дека губењето на чувството ќе продолжи ра се шири нагоре кон рацете и ќе стигне до градите, по што ќе ме стават во вештачки индуцирана кома, за одново да научам да дишам“, раскажува Гилкрист.
Таа сé уште се бори со инфекцијата и се очекува да остане во болница уште најмалку 3 месеци. Докторите и рекле дека можно е никогаш повеќе да не прооди и да нема контрола врз мочниот меур или дебелото црево. Таа, од друга страна, е решена да се бори, ако ништо друго заради својот 7-годишен син.
„Другарка ми имаше инфекција на лицето, а јас ја користев четката непосредно пред тоа. Немав појма дека вакво нешто воопшто може да се случи. Отсекогаш го делев приборот и шминката со пријателките. Мојата најдобра другарка се чувствува грозно, но не е нејзина вина…“
Сметајте се за предупредени.