Дека богатите ѕвезди живеат сосема поинаков живот од „обичните смртници“ е јасно како ден, а за тоа зошто Ким Кардашијан не можеше да му одговори негативно на предлогот за брак на Кание, е делумно „виновен“ и неговиот неповторлив труд.
Најпрво, бидејќи не секој дечко за време од 18 месечна врска посветува песна, ја споменува својата сакана на концертите и воедно кажува дека таа е девојката со која ќе се ожени еден ден.
Исто така, не секој дечко изнајмува цело фудбалско игралиште, буквално ве моли да прифатите да се омажите со него, додека пред самиот видео бим професионален оркестар свири романтични песни.
На крајот, Ким Кардашијан со задоволство го прифати 15-каратниот дијамантски прстен кој и го подари нејзиното момче и воедно татко на нивното прво дете, Кание Вест.
Останува прашањето, дали тој ќе ја скрши клетвата која ја следи Ким со двата неуспешни бракови пред овој кој и следува?