На синоќешниот драма натпревар помеѓу СЛовенија и Германија, на многумина не им беше јасно зошто Германците во последните секунди од натпреварот добија пенал и со тоа резултатот заврши нерешено (25-25).
По неколкуминутно прегледување на ТВ снимките, судиите заклуија дека има пенал за Германија, еве зошто
Причината за прегледувањето на ТВ-снимката е некоректното спречување на брз центар од страна на Блаж Благотиншек.
Имено, правилото е дека противничкиот играч/и не смее да биде во кругот каде што се изведува топката и со тоа да му попречи на противникот да изведе од центарот, по примен гол.
Токму тоа и се случи на натпреварот. Погледнете ја убаво снимката и ќе видите.
Вујовиќ на прес-конференцијата беше тивок, но во микс зоната обвини дека ракометот го водат дебили и неспособни луѓе. Постои основа дури и за казна по оваа изјава, иако не е дадена за сите новинари, дури за дел од словенечките новинари.