На натпреварот за најдобра песна во Европа беше интересно уште во првата полуфинална вечер.
Во Виена, со енергичен настап Србија влезе во финале на Евровизија со Бојана Стаменов.
Додека го чекаме финалето оваа сабота на 23-ти мај, коментарите на Твитер го преплавија интернетот. Меѓу нив е и еден кој ја споредува српската преставничка со лик од популарниот филм Шрек.
Во финалето меѓу Србија, се квалификуваа и Албанија, Ерменија, Романија, Унгарија, Грција, Естонија, Грузија, Белгија и Русија. Интересно е што оваа година за прв пат се натпреварува и Австралија каде Евровизија е многу популарна. Тие, се разбира, се директно пласирани во финалето.
Но, таа не беше единствената што предизвика внимание. Настапот на Русија се следеше внимателно, особено кога почнаа да се брануваат во боите на знамињата на ЛГБТ популацијата на Русија- многумина се прашуваат: Како рускиот претседател Путин реагирал на тоа?
И Романците се најдоа на мета- многумина ги нарекоа „млака верзија на познатите Coldplay“.
Се разбира, тука беше и Кончита Вурст- минатогодишниот победник. Дамата со брада, во елегантно издание го украде целото внимание и доби голем аплауз.
Како изгледаа настапите, погледнете во видеата.