Примарната функција на шампонот е одржување хигиена на косата и темето на главата. Меѓутоа, постојат и некои негови скриени функции за кои не сте знаеле.
Чистење на четките за коса
Четката за коса никогаш не е доволно чиста? За да ја исчистите, наполнете чаша вода и во неа додајте шампон. Потоа ставете ја четката во чашата да отстои неколку минути. Кога ќе ја извадите добро исплакнете ја.
Како пена за бричење
Доколку немате при рака пена за бричење, употребете шампон, затоа што е подобар од користењето на било кој сапун.
Вратете ја формата на џемперот што сте го уништиле во машина
На сите ни се случило омилениот волнен џемпер да ни се собере во машина. Доколку сакате да го решите проблемот, во топла вода ставете шампон, а потоа ставете го џемперот во неа. Оставете го 15 минути, а потоа потопете го во чиста вода. Потоа џемперот свиткајте го во пешкир, а потоа полека со прсти враќајте го во првобитната состојба.
Лесно отстранување на фластери
Не можете да го одлепите фластерот од кожа? Намачкајте преку него малку шампон за да го отстраните без болка.