Даниел Кајмакоски денеска ги повика фановите да ја завршат приказната од официјалното видео за песната „Лисја есенски“ со која ќе не претставува на Евровизија во Виена.
Оние кои ќе имаат најдобри решенија ќе освојат билет за првото полуфинале на 19 мај, во австриската престолнина и да уживаат во заедничка средба со Даниел на 20 мај.
Повикот за фановите ќе биде отворен до 20 април. Повеќе информации, правилa и начин на учество може да најдете на следниот линк:http://danielkajmakoski.mk/complete-the-story/.
Со објавениот повик Кајмакоски и официјално ја започнува кампањата за Евровија 2015. За таа цел изработена е мини-веб страница, http://eurovision.danielkajmakoski.mk/, која во наредните два месеца ќе објавува вести за Даниел и за Евровизија.
Со среќа на сите фанови 😉