Еве што ни прават смартфоните на вратот и ‘рбетот

Смартфоните и таблетите ни го трансформираа држењето на телото, и не на подобро.

Компјутерскиот модел на сликата е развиен од доктор Кенет Хансраџ, шеф на ‘рбетна хирургија во њујоршкиот Spine Surgery & Rehabilitation Medicine центар.

Хансраџ уште еднаш потврдува дека наведнувањето на главата нанапред не е добро за здравјето. Според неговиот компјутерски модел, гледањето надоле кон вашата направа е како да имате товар од 27+ килограми на вратот, т.е. 4-5 пати повеќе од нормалната тежина, таа на вашата глава.

Тоа е исто како да 8-годишно дете да ви седи на главата (не на рамената и на ушка, туку на главата).

Според статистиките, просечен човек поминува 2 до 4 часа дневно во оваа позиција.

Оптоварувањето на вратот со таква тежина (т.е. сила), воопшто не е добро за вашето здравје, потврдува ‘рбетниот хирург. Според неговиот извештај во Surgical Technology International Јournal, добро држење на телото е кога ушите ви се порамнети со рамената и плешките. Тоа го намалува стресот на телото и го намалува кортизолот. Лошото држење, од друга страна, му создава стрес на ‘рбетот и доведува до рано „излитување“, повреди, па дури и операција.

Хансраџ има неколку брзи совети: Наместо да се наведнувате кон екранот, држете го телефонот точно пред вас. А кога куцате, поставете го таблетот под агол од 30 степени – тоа ви ги чува зглобовите. Ако ништо друго, запамтете го ова во текстот, и редовно потсетувајте се додека читате на екранот – и исправете го вратот.

 

- Реклама -