Еве што може да се случи ако те удри дрон (видео)

COVER[1]

Без дилема, дроновите можат да бидат опасни кога се во погрешни раце. Некои можат да летаат и со брзина од повеќе од 95 километри на час, а нивните пропелери се способни да направат и сериозни штети, особено по живите нешта. Владата на САД е очигледно свесна за тоа, па не само што почна со регистрација на дронови и воведе законски регулативи, туку недвосмислено демонстрира дека е спремна и да ги гони управувачите кои летаат околу згради.

Но добро, барем не се толку опасни по луѓето, така? Барем не можат да предизвикаат сериозни повреди. Е па не баш…

Истражувачите од Лабораторијата за истражување на дронови од универзитетот Алборг започнаа истражувачки проект под наслов „Drone Impact“ (удар од дрон), за да испитаат колку всушност се опасни ако дојдат во контакт со човечко тело.

Данските инженери закачија пропелер од дрон на 3 метарска шина и ја „испукаа“ со брзина од повеќе од 48 км/ч кон парче свинско месо залепено на дрвена табла. Ударот го снимија со high-speed камера, за да видат каква штета можат пропелерите да нанесат ако дојдат во контакт со парче месо.

Резултатот: Една од пластичните перки на пропелерот навлезе до половина во месото.

Андерс ла Кор-Харбо, главниот истражувач во проектот, вели за Daily Mail дека е прерано да се извлекуваат заклучоци од тестовите и дека треба дополнително да се испитува каков импакт би имале комерцијалните дронови, но едно е сигурно – многу подобро е да не им се најдете на патот.

- Реклама -