Ријана и Џесика Алба вчера го поминаа денот со нивните мајки по повод Денот на мајките што се празнува во Америка.
32-годишната Алба со сопругот, двете ќерки и мајка ѝ беа на ручек во Бел Ер за да го одбележат Денот на мајките. Сега дознавме од кого актерката ја наследила нејзината убавина. Кати иако е баба на две внуки ќе признаете дека воопшто не наликува така.
Ријана откри од кого ги наследила убавината и шармот. Од нејзината мајка Моника Браитвајт. 25-годишната пејачка откри дека мајка ѝ постојано ја советува и учи како да стане независна и црвста жена. Ријана вчера објави фотографија од мајка ѝ на Инстаграм во чест на Денот на мајките.