Сончево и топло, со можност за краткотрајна нестабилност
Денес ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во попладневните часови можно е појава на краткотрајна локална нестабилност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
За време на викендот, претпладне ќе биде претежно сончево и топло со понекаде мала облачност, додека попладне не се исклучува краткотрајна локална нестабилност, наведуваат од УХМР.
Од почетокот на работната недела, во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен правец.




