Еве кои земји го поддржуваат тероризмот според Асад

„Мирот ќе дојде во Сирија ако Западот и неговите сојузници на Блискиот исток, престанат да ги поддржуваат терористите“, изјави сирискиот претседател Башар ал Асад.

„Кога земјите што ги споменав – Франција, Британија, САД, Саудиска Арабија Катар и други земји ќе престанат да ги поддржуваат терористите, ситуацијата ќе се поправи уште следниот ден“, изјави Асад во интервју за Чешка телевизија.

Bashar-al-Assad-MCS-2
Како што вели „мирот дефинитивно ќе дојде во Сирија за неколку месеци, доколку западните медиуми престанат да го прават тоа“.

„Ако навистина сакате да ги победите терористите, тогаш неопхоно е да го пресечете нивниот доток на муниција, оружје и пари, кои воглавно ги добиваат преку Турција со поддршка на Саудиска Арабија и Катар“, наведува Асад.

- Реклама -