Со кого Јанева ја дели ќелијата

Специјалната обвинителка во оставка Катица Јанева, на која вчера и беше одреден притвор од 30 дена, денеска се наоѓа во истаржниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, но не е сместена во реновираното „хашко одделение“, дознава „24 инфо“ повикувајќи се на извори од затворот.

Според 24 инфо во „хашкото оделение“ не се сместувале според позицијата туку таму важи правилото прв дојден прв услужен. Таму веќе е сместен првоосомничениот Бојан Јовановски – Боки 13. Но за разлика од него второосомничениот Зоран Милевски – Кичеец кои исто како и Боки 13 гоодлежува вториот 30-дневен притвор за случајот „Рекет“.

Според информациите пак со кои располага „Слободен печат“ во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, Катица Јанева ја дели ќелијата со уште една жена.

Јанева која е во притвор од синоќа е осомничена дека ја злоупотребила службената положба и овластувањата и засега е откриено дека за незаконските дејства околу помагањето на осомничениот Орце Камчев во истрагата за “Империја”, наплатила од него скап мебел во вредност од околу 5.000 евра.
Поради нејзината специфична улога во општеството, запазен е безбедносниот аспект и е сместена во ќелија со уште една жена, велат за „Слободен печат“ од скопскиот истражен затвор.

Од затворот додаваат дека општата здравствената состојба на Јанева е добра и дека редовно ја прима препишаната терапија од лекар.

- Реклама -