Еве како старите Јапонци спојуваа дрво без шајки и лепаци

drvo

Во времето пред да постојат комплексни и напредни лепила и спојки за дрво, јапонските градежници спојуваа дрво со помош на серија од испреплетувачки поврзувачки зглобови.

Постојат многу видови на такви зглобови, но традиционалниве јапонски се едно од најусовршените, бидејќи не подразбираат потреба од дополнителни делови или материјали. Да, се работи за многу деликатно дрводелство, ама кога нема можност за шајки и лепаци, совршените зглобови се… па, совршени. А и кога има, самите мајстори тврдат дека ова е поцврст и поквалитетен начин од било кој друг индустриски или хемиски метод, главно бидејќи не создава слаби точки во конструкцијата.

Овој традиционален метод е користен во целата јапонска архитектура во тоа време, овозможувајќи им да градат кровови на поголеми растојанија и повисоки структури без потреба од дополнителни потпори.

- Реклама -